На 08.07.2022 во 07.30 часот на локалниот пат во с.Ратае, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Р.П.(30) и патничко возило „фиат чинквеченто“, управувано од Љ.С.(54), двете со тетовски регистарски ознаки.

По несреќата, возачите Р.П., Љ.С. и сопатникот во возилото „фиат“ А.Ј.(67), сите од с. Ратае, биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде на А.Ј. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Р.П. и Љ.С. телесни повреди.

Увид извршила увидна екипа на СВР-Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.