Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која денеска околу 13:35 часот се случила на патниот правец Кичево-Гостивар кај селото Колари.

-Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил со кичевски регистерски ознаки и товарно возило со гостиварски таблички. Со повреди се здобиле три лица кои се пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош, велат од СВР Охрид.

Засега нема повеќе детали за карактерот на повредите на лицата.

До завршување на увидот сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива по една коловозна лента.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.