Утрово во 07.10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле телото на малолетникот од Ново Село, општина Желино.

Како што соопштуваат од тетовската полиција, претходно неговиот татко Џ.Х.(46) пријавил дека вчера околу 16.00 часот од дома се оддалечил со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки.

Претходно, околу 02.20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.