Со закани биле одземени пари од вработени во бензинска пумпа и обложувалница во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 29.01.2023 годна, во 03.10 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје на 28.01.2023 година, во 09.25 часот е пријавено дека околу 09.20 во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана од вработената одзело пари, се наведува во денешното соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.