Четириесет и шестгодишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера трагаа семејството и прилепската полиција, е пронајден починат.

Од МВР велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.