Ноќеска во 3 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на патот што ги поврзува гостиварските села Неготино и Калиште настанал пожар во патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во движење, кое го управувал 39-годишниот И.Ќ. од Неготино.

Од тетовската полиција велат дека нема повредени лица, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот е изгаснат.

Сслучајот се расчистува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.