Вчера во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.