Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт.
– Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.