Скопјанка го пријавила поранешниот сопруг дека недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца.
На 01.06.2023 околу 13.00 часот во Полициска станица Чаир, 42-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, пред околу три месеци, недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца, додека биле на викенд посета кај него во скопската населба Аеродром, велат од МВР.
За случајот е известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.