Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот ги лишил од живот сопствената мајка и баба, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, тој легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурал дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на неговиот чичко со намера и него да го убие. Чичко му не бил дома, по што осомничениот отишол кај матичната лекарка и и кажал дека ги убил неговите мајка и баба.

Бидејќи постои опасност од бегство и опасност осомничениот да стори ново кривично дело со кое се заканува кон неговиот чичко, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.