Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, Ш.Љ.(20) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ лицата К.А. и Н.„Н“ физички го нападнале. При нападот К.А. со остар предмет му нанел убодна рана на ногата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.