На 23 декември во 12.15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Х.(44) од Тетово поради тоа што физички го нападнал неговиот 65-годишен татко, а претходно со неговото возило целосно ја оштетил металната влезна врата во дворот пред семејната куќа, како и возилото на неговиот татко.

Притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.