И денес на електронските адреси во неколку училишта во Скопје се пристигнати дојави за бомби.
Учениците во моментов се евакуираат од страна на вработените.
Засега дојава стигнала во основните училишта „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, „Киро Глигоров“ во Центар, „Лазо Ангеловски“ и „Браќа Миладиновци“ во Аеродром.
Предмалку од МВР соопштија дека станува збор за дојави во 18 училишта.
Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.