Вчера во 18.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, А.П.(22) и А.П.(23), двајцата од Скопје, со огнено оружје и остар предмет биле нападнати од неколку лица, при што А.П.(23) бил повреден со остар предмет, додека А.П.(22) се здобил со повреди од огнено оружје.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок

Од СДСМ пак обвинуваат дека ДПМНЕ бил опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата. Според нив новото пукање во Чаир во кое се ранети две лица е последен во низата инциденти, што се случилеза два месеци откако ДПМНЕ е на чело на МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.