На 24.01.2024 во 22.25 часот во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село.

-Лицето е уапсено затоа што на неговата семејна веселба околу 21.15 часот било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот, информира МВР.

Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.