Сообраќајката вчера кај трговскиот центар „Сити мол“ ја потресе јавноста. Преминувањето на пешачки премин беше кобен за младата 24-годишна девојка од Радовиш која загина. Повреден е уште еден пешак исто од Радовиш кој е во болница. Во нив удри 22 годишен возач на автомобил „Цитроен“. Алсат дојде до информација дека станува збор за возач – почетник.

Според информациите, тој добил возачка дозвола само пред една година, но моќноста на возилото било во рамките на дозволеното за почетник. Од возачот е земен примерок од крв и урина за да се утврди дали бил под дејство на алкохол или дроги. Но, непосредно по несреќата семафорите на раскрсницата кај Сити мол воопшто не работеа, а потоа беше вклучено само жолтото светло.

Од обвинителството не кажуваат дали семафорите работеле и дали некој поминал на црвено светло.

Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата, наведоа од Обвинителството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.