На 22.08.2022 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, со приколка, управувано од Д.Т.(59) од Прилеп, удрило во В.А.(49) од Прилеп, информира МВР.

Притоа, В.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.