Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го привеле А.К.(38) од Кавадарци. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка.

Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.