Во текот на вчерашниот ден во 12.00 часот било пријавено дека во Штип, на ул.„Борис Крајгер“, патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.К.(28) од Штип, удрило во пешакот З.Н.(75) од Штип, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Н., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.