На 13 март 2022 во 13.19 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Добривое Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“ во Битола патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(48) од Битола удрило во М.К.(78) од Битола.

Како што соопштува МВР, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.