Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица вчера во 13 часот на автопатот А1 кај клучка Миравци, го лишиле од слобода Р.А.(22) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., како што се посочува, било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик.

Р.А. е приведен и задржан во полициска станица во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.