На крстосница од ул. Митрополит Теодосиј Гологанов и ул. Јуриј Гагарин вчеа вечерта се случила сообраќајна несреќа.

Патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Л.(35) од Скопје удрило во велосипедистот Ѓ.Ч.(34) од Скопје.

По незгодата велосипедистот Ѓ.Ч. бил пренесен во Градската Општа Болница „8ми Септември“ каде од доктор му се констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.