Пожар избувна попладнево во атар на росоманското село Рибарци. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци апелираат на внимателност.

Горат шамак и сува трева. Апелираме на внимателност бидејќи секој пожар ја загадува околината. На терен сме тројца пожарникари со едно противпожарно возило, рекоа за МИА од противпожарната единица.

Оттаму исто така потсетија дека во овој период од годината, поради невнимателност, многу често горат контејнери, откако поединци исфрлаат во нив пепел и жар по греење со дрва. Пожарникарите нагласија дека има посебни канти за пепел, кои сите што се греат на дрва треба да ги користат, со цел да се надмине овој проблем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.