Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците, информираат од полицијата.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.