На 09.02.2024 година во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина.

Според пријавеното, синот Н.Б. ја напуштил болницата кратко откако била примена мајката, а таа набрзо починала.

Подоцна, тој, е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција.

Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.