Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.