Жена е повредена во сообраќајката што се случи синоќа кај „Ист гејт“. Како што соопшти МВР, на булеварот „Гоце Делчев“ пред крстосница од ул. „Беласица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(48) од Скопје и патничко моторно возило „дачија сандеро“ со италијански национални ознаки управувано од Е.Л.(39) од Р. Италија.

Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „дачија сандеро“ П.Д.(66) од Р. Италија констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен е увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.