Вчера во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.