Кумановските пожарникари гасеа пожари на опожарени покрив и оџак на семејни куќи на две различни локации во кумановско, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи. Пожарите се случиле во попладневните и вечерните часови.

Кровната конструкција на семејна куќа на улицата „Пуковска“ била зафатена од пожар во 16:40 часот, пожарникарите интервенирале до 18 часот. Скоро половина час подоцна бил запален оџак во Агино село. Пожарникарите го изгасиле по еден час.

Последниов месец се почесто од пожар зафатени се оџаци на куќи. Пожарникарите претходно апелираа пред почетокот на грејната сезона да се исчистат оџаците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.