Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Од локалната телевизија ТВ Стар утрово известуваат од местото на несреќата. Станува збор за превртен автомобил „сеат леон“ со кочански регистарски таблички. Во несреќата нема жртви, а возачот на автомобилот се здобил со повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.