Пироман дивеел во центарот на Скопје во саботата навечер околу полноќ. На паркингот кај Зелено пазарче уништени се повеќе автомобили, а избегната е поголема трагедија бидејќи, како што споделуваат соседите со „Република“, влегол и во првиот влез на зградата со број 36, ги наполнил поштенските сандачиња со хартија, но за среќа не успеал да ги запали.

Од МВР велат дека до нив стигнале две пријави. Едната 07.08.2022 во 00:11 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило – комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште. Од пожарот било зафатено и товарно возило – комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје.

Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.