Полициски службеници од ОВР Демир Хиса го лишиле од слобода С.Ф.(36) од село Суводол, демирхисарско, соопштија денеска од МВР.

Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од село Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во село Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф., се појаснува во соопштението.

Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.