Грчката полиција уапсила 65-годишен маж под сомнение дека е виновен за големиот пожар што минатата седмица избувна на островот Тасос, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот се товари за подметнување пожар, а во неговиот автомобил бил откриен запалив материјал.

Се очекува во текот на денот, 65-годишникот да биде изведен пред јавен обвинител во Кавала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.