Од МВР со детали за вчерашната сообраќајка на скопската обиколница, поради која уште доцна во ноќта беше затворен тој дел од патот кон Скопје.

Во 18.35 часот во СВР Скопјр било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ – клучка Хиподром се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв 318“ со австриски национални ознаки, управувано од К.Б.(26) од Австрија и патничко моторно возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(69) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Н.(66) од возилото „опел инсигниа“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.Ј.(29) и уште една малолетна сопатничка, двете од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.