Службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово во 10 часот го лишиле од слобода Б.Ѓ. (34) од Куманово.

При преглед во неговото возило „Форд“ со кумановски регистарски ознаки била пронајдена марихуана, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.

Како што информираат од МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.