Пожарот, околу 3:30 часот, бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот „Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар.

Како што информираат од обвинителството, бил опожарен приватен објект во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи.

„Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот“,

се вели во соопштението на ОЈО-Охрид.

За потсетување, пожар рано изутринава избувнал во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Пожарот, околу 3:30 часот, бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила. Со брза интервенција било спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот. Пожарот предизвикал поголема материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.