Во СВР Тетово утринава во 05:55 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај село Слатино, патничко возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(60) од село Теарце, излетало надвор од коловозот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата на Т.Д. му се слошило, по што изгубил контрола над возилото.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.