Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот С.Т.(78) од Неготино.

Од здобиените повреди С.Т. починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.