Два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија денеска биле мета на лажна дојава на бомби, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во полиција било пријавено околу 10 часот, а по деталните проверки било констатирано дека се работи за лажни пријави.

СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави, стои во соопштението.

МИА денеска информираше дека лажни дојави за експлозивни направи имало во деловни објекти во индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта и во еден објект на Основното училиште „Братство единство“. Вработените биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. Евакуирани биле и уенииците.

Во координација со јавен обвинител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави портпаролот на СВР Стефан Димоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.