Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е пукано кон Р.Т. (39) од Скопје во гаражите на трговскиот центар „Ист Гејт“, но дека нема повредени лица.

На 25.08.2023 околу 15:50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.