Полицијата ја приведе мистериозната Ивана која јадеше и пиеше на сметка на Општината. Според МВР 36 годишната Скопјанка нарачувала храна на име н фирми со кои соработувала општината.

На 16.12.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје. Таа се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината. Во разговорот таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Претходно Општина Ѓорче Петров објави дека извесна Ивана во име на Општината и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и појавувала во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалаци, наводно за општината и градоначалникот. Лицето по извршената нарачка барало фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување на фактура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.