Млада битолчанка рано утрово заврши во болница, откако со своето возило „пежо“ излетала од коловозот. Несреќата се случила на крстосница во Битола, информираше полицијата.

МВР информира дека рано утринава во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул. „Климент Охридски“ и ул. „Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот.

Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.