Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Димитар Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да биде спроведена акцијата на МВР, за нивно апсење.

Ковачевски треба да каже јасно, дали предупредувањето им го дал висок функционер од ДУИ, со кој тие биле во блиски релации.

 

Кои се причините Ковачевски ова да го дозволи, кога ги знаел блиските релации на овие лица со врхушката на ДУИ. Дали свесно е дозволено бегството, на дури 10 луѓе, поврзани со трговија на дрога и убиства низ државата.

 

На лидерот на групата Шеваљ Муареми, една од омилените активности му е и сликање со новиот технички премиер Талат Џафери.

 

На сите овие криминалци им се ближи крајот, доаѓаат времиња кога во Македонија, нема да има простор за криминалци и убијци, поврзани со политички партии на власт.

 

Одговорност ќе има, во тоа сите да бидат сигурни. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.