На 02.04.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на улицата „Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24).

„Во пожарот Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.