Осум тинејџерки,  на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт изболе бездомник на улиците во Торонто, Канада, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата рано наутро.

Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него.

Очевидец рекол дека во моментот на нападот, кој се случил на раскрсницата на Универзитетската авенија и улицата Јорк, Кени бил во друштво со пријателка.

Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа, раскажал тој.

Еден полицаец им рекол на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.

Сите беа многу млади. Го нападнаа човекот како диви животни. Тој се обиде да се одбрани, но тие уште толку му се нафрлија. Тој си ја гледаше својата работа, никому не му пречеше, раскажал тој за кандските емдиуми.

Детективот Браун додал дека дури и полицијата била шокирана од злосторството.

Во полицијата сум речиси 35 години и мислев дека сум видел сè. Некој кој не е шокиран од вакво нешто веројатно веќе кренал раце. Осум млади девојки, не постари од 16 години. Ако тоа не го сметаме за алармантно и шокантно, тогаш сите сме во голема неволја, рече тој.

Некои од девојките правеле проблеми и претходно истата вечер. Тој не сакаше да открие повеќе детали, но потврди дека девојките кои живеат на различни места во градот и одат во различни училишта се запознале преку социјалните мрежи.

Браун вели дека тинејџерките го нападнале како група, но одби да каже дали целиот инцидент е снимен, но додаде дека полицијата истражува дали има слични снимки на интернет.

Можеби овие млади девојки сакаа да станат познати на социјалните мрежи. Сите тие се подеднакво виновни. Нема сомнеж дека тие работеле во група, како еден ентитет, кога решиле да нападнат, вели детективот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.