Педесет и петгодишен жител на Пробиштип агресивно се однесувал кон здравствените работници во Клиничка болница-Штип, а физички нападнал и полицаец. Надлежните од СВР-Штип информираат дека настанот се случил синоќа.

Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 55 годишниот З.К. од Пробиштип бидејќи околу 23.00 часот во Клиничка болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија. З.К. бил задржан во Полициска станица, вели во соопштението на СВР-Штип.

По целосно документирање на случајот против 55 годишниот З.К ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.