Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.