Малолетник е осомничен дека извршил разбојништво врз едно лице во близина на Клиничката болница во Битола. Тој физички го нападнал лицето и му одзел пари, банкарски картчки и лилни документи. На малолетникот му е одредена мерка притвор во трење од 30 дена, соопштија денеска од Републичкото јавно обвинителство.
Основното јавно обвинителство Битола поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи, информираа од Републичкото јавно обвинителство.
Јавниот обвинител до Судијата за деца доставил предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифатил предлогот и определил притвор во траење од 30 дена.
Вчера МВР соопшти дека во 03.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение дека пола час пред тоа на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот.
Малолетникот во присуство на родител бил приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.