По полициска станица, денеска во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје.

Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје, информира МВР.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.