Малолетничка од Куманово е тешко повредена откако била удрена од „фиат“.

Како што соопшти полицијата вчера околу 20.25 часот во Куманово, на крстосница од бул.„3 Македонска ударна бригада“, ул.„Б.Б.Гуцман“ и локален пат кон с.Проевце, патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, удрило во малолетен пешак од Куманово.

По несреќата малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.